Напаѓачот од скандалот на СП доаѓа во Премиер-лигата

Евертон конечно ја финишираше потрагата по нов напаѓач откако „карамелите“ го договорија доаѓањето на Фоларин Балогун, американскиот напаѓач кој беше дел од големиот мундијалски скандал поради избришаниот црвен картон во пресрет на дуелот со Белгија.

Балогун ги бранеше боите на Монако, летово изрази желба да си замине, беше поврзуван со неколку клубови, за на крајот сепак да се пресели во најсилната лига на светот.

Евертон се договори со „кнезовите“ трансферот да изнесува 40 милиони фунти (36 загарантирани и 4 милиони поврзани со неколку клаузули), понудата беше прифатена, по што Балогун денеска ќе пристигне во Ливерпул на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.

Евертон во меѓувреме даде зелено светло за заминување на Бето, кој кариерата ќе ја продолжи во Серија А како член на Фиорентина. Од „Гудисон парк“ ќе си замине и Ндаје, кој денеска ќе го комплетира трансферот во таборот на Манчестер Сити.

Се вчитува...