Наполи без Инсиње – не го пронајде патот до мрежата на Фиорентина

Наполи не успеа да ја совлада Фиорентина на домашен терен и остана на втората позиција на табелата со еден бод негатива во однос на Интер. „Наполитанците“ ремизираа без голови, не успевајќи да го пронајдат патот до противничката мрежа. Тренерот Маурицио Сари го немаше на располагање Лоренцо Инсиње, а неговите соиграчи не го скршија отпорот на „виолетовите“. Најблиску беше Зјелински во 55.минута, но стативата ги спаси гостите од Фиренца.

Удинезе очекувано го совлада Беневенто со 2-0, а Спал ремизираше против Верона (2-2).

Се вчитува...