Наполи без клучен играч патува во Удине

Наполи ќе биде значително ослабен на утрешното гостување против Удинезе откако Лоренцо Инсиње отпадна од комбинација за настап за актуелниот вицешампион на мечот на „Фриули“.

Италијанскиот репрезентативец одигра два натпревари за „аѕурите“ во изминатата седмица, по што се пожали на ситна повреда. Тренерот Карло Анчелоти реши да не ризикува, па Инсиње воопшто нема да патува со експедицијата на „наполитанците“ во Удине.

Медиумите од Апенинскиот полуостров тврдат дека повредата не е премногу сериозна, па Инсиње ќе се врати во тимот за наредниот меч од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Се вчитува...