Наполи бира нов голман: Мињоле или Очоа, еден ќе пристигне во Неапол

Италијанскиот калчолигаш Наполи и понатаму е во потрага по нов квалитетен голман, кој треба да ја пополни празнината по заминувањето на Пепе Реина во Милан. Раководството на клубот има неколку опции, но најреално е во Неапол да пристигнат или Симон Мињоле, чуварот на мрежата на Ливерпул, или Гилјермо Очоа, кој во моментов го брани голот на Стандард Лиеж.

Анчелоти посакува да го има Мињоле на голот на „наполитанците“, а тој е во незавидна позиција во Ливерпул, со оглед дека англискиот премиерлигаш го купи Алисон Бекер, а Лорис Кариус и покрај многуте кардинални грешки од минатата сезона и понатаму ќе остане на „Енфилд роуд“.

Од друга страна, Гилјермо Очоа е исто така одлична опција, а и пореално остварлива со оглед на неговата вредност на трансфер – пазарот. Останува во наредните неколку дена да финишираат преговорите и Наполи да го добие новиот чувар на мрежата за претстојната сезона.

Се вчитува...