Челниците на Наполи се помирија дека нема да се договорат со Аркадиуш Милик за продолжување на соработката, но Аурелио де Лаурентис јасно му ставил до знаење на полскиот голгетер да не се надева на трансфер во Јувентус. „Наполитанците“ веќе подолго време се во војна со „старата дама“, конфликтот ескалираше со трансферот на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус пред неколку години, па Де Лаурентис сега не сака ни да чуе да продаде уште еден врвен напаѓач на лутиот ривал.
„Милик може да замине каде сака, само не во Јувентус“, порачал првиот човек на Наполи, напоменувајќи дека би одбил и 50 милиони евра од најтрофејниот италијански клуб за својот голгетер.
Реалната вредност на Полјакот е двојно пониска, со оглед на фактот дека во 2021 година би станал слободен играч. Арсенал е сериозно заинтересиран доколку се реализира најавеното заминување на Обамејанг, а во трката се очекува да се вклучат и Тотенхем и Челси.
Аркадиуш Милик сезонава досега има 22 настапи во дресот на Наполи, притоа постигнувајќи 12 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА