Наполи го купува Врсаљко како замена за повредениот Гулам

Италијанскиот калчолигаш Наполи доживеа голем удар во трката за „скудетото“, откако на мечот против Манчестер сити во Лигата на шампионите остана без левиот Фаузи Гулам. Тој доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото и ќе отсуствува до крајот на сезоната, а тренерот Маурицио Сари и раководството на клубот ќе мора да доведат ново засилување во зимскиот преоден рок.

Прв „пик“ е хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко од редовите на Атлетико Мадрид. Тој иако е десен бек, сепак може да одговори и на левата бековска позиција, па би бил одлична замена за повредениот Гулам.

Врсаљко за 16 милиони евра од Сасуоло замина во Атлетико Мадрид, но се соочи со повреда и го загуби стандардното место во составот. Сега би можел да се врати во Серија А, каде го носеше и дресот на Џенова.

Се вчитува...