Наполи го освои Торино за враќање на врвот во Серија А

Наполи триумфално мина низ 17. коло од Серија А славејќи со 1-3 на гостувањето против Торино.

Оваа победа на „наполитанците“ повторно ги враќа на врвот од табелата во италијанскиот шампионат, сега со 42 бода, два повеќе од второпласираниот Интер кој денеска киксираше против Удинезе.

Наполи победата на гостувањето во Торино си ја осигура уште во првото полувреме со трите погодоци на Кулибали во 4. минута, Зјелински во 25. минута и Хамшик во 30. минута од средбата.

Во вториот дел, домашните со голот на Белоти во 64. минута единствено успеаја да го ублажат поразот.

Се вчитува...