Наполи го потпиша Политано од Интер

Наполи донесе значајно засилување за вториот дел од сезоната откако денеска го комплетираше трансферот на Матео Политано. Крилниот офанзивец пристигнува на позајмица од редовите на Интер, а „наполитанците“ ќе имаат обврска во јули целосно да го откупат неговиот договор со „нероаѕурите“.

Политано најдобрите натпревари во кариерата ги одигра во дресот на Сасуоло, тим за кој почна да настапува во 2015 година. Тој се пресели во Интер, имаше солидна прва сезона, но откако му беше откупен договорот од клубот од Милано, Политано не се снајде најдобро во тактичките замисли на тренерот Конте.

Незадоволен од ваквиот развој на настаните тој инсистираше да му биде дозволено да си замине, а по пропаднатата размена со Рома за Спинацола, на крајот италијанскиот репрезентативец заврши во таборот на Наполи.

Се вчитува...