Наполи го продаде Манолас

Костас Манолас на самиот почеток од 2022 година ќе го напушти Наполи, откако грчкиот дефазивец се најде во немилост на Лучијано Спалети, кој не сметаше сериозно на неговите услуги сезонава.

Манолас ќе се врати назад во татковината, откако начелно ги договори условите за преселба во Олимпијакос. Деталите не се познати (дали се работи за перманентен трансфер или за позајмица), но „наполитанците“ дефинитивно дале зелено светло, по што грчкиот репрезентативец денеска ги минал лекарските прегледи.

Се очекува трансферот да биде официјализиран на самиот почеток од новата година, а Наполи дефинитивно ќе мора да доведе нов одбранбен фудбалер ако се знае дека Кулибали ќе го пропушти цел јануари поради настапот на Купот на Африкански Нации.

Се вчитува...