Наполи и Елмас ја продолжуваат „битката“ со Милан

Наполи и Елиф Елмас стигнаа до деветата победа во италијанското првенство откако на домешен терен во 10. коло славеа со 3-0 над Болоња. Со овој триумф неаполитанците ја продолжија битката за првата позиција на табелата со Милан и сега се изедначени со по 28 освоени бода.

Победата домаќините ја најавија уште во 18. минута кога на асистенција на македонскиот репрезентативец, Руиз постигна одличен погодок, а до крајот на првото полувреме Инисње од белата точка донесе водство од 2-0 за својот тим. Овој играч повторно беше сигурен во изведувањето на пенал, овој пат во 62. минута со што беше поставен и конечниот резултат.

Елмас на денешниот натпревар одигра 75. минути пред да биде заменет од Мертенс.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...