Наполи и Рома во трка за Диего Коста

Бразилецот со шпански пасош Диего Коста би можел следната сезона да заигра во Серија А. Тој е пред заминување од Атлетико Мадрид, шпанскиот клуб сака да го продаде со оглед дека влегува во последната година од договорот. За него постои интерес од два калчолигаши, Наполи и Рома.

Диего Коста може да биде нов соиграч на Елиф Елмас во Наполи доколку се реализира можната размена на играчи, Аркадиуш Милик да го засили Атлетико Мадрид, а Коста да се пресели во Неапол.

Според „Мундо Депортиво“, и Рома е сериозно заинтересирана за напаѓачот на Атлетико Мадрид. Тој би бил голема поддршка во навалната линија на „волчицата“ за Един Џеко.

Се вчитува...