Екипата на Наполи за кратко време го „реши“ победникот на дуелот со Аталанта. Уште по првиот дел имаше предност од 3-0, и во голема мера го реши победникот од 12. коло, а на крајот Аталанта само успеа да намали.
Давид Нерес во 17. минута донесе предност, а во 38. минута истиот играч зголеми на 2-0. Ланг пред финишот од првиот дел успеа да погоди за 3-0.
Во вториот дел Скамака само намали во 52. минута, меѓутоа немаше сила гостинот да дојде до втор гол, и да донесе неизвесност.
Елиф Елмас влезе во игра во 69. минута од средбата на местото на Ланг, стрелецот на третиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

