Наполи може да загуби од сите, ама ќе го победи Јувентус…Елмас влезе во финишот

Јувентус падна на колена во Неапол. Актуелниот првак загуби на гостувањето кај Наполи со 2-1 и ја остави отворена трката за шампионската титула во Серија А. „Старата дама“ има три бода предност во однос на Интер на врвот на табелата во италијанскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во финишот на овој меч и одигра десетина минути во големиот триумф.

Пјотр Зиелински го отвори резултатот во 63.минута, Лоренцо Инсиње зголеми на 2-0 во 86.минута, а во последната минута Кристијано Роналдо го постави конечниот епилог. Португалецот влезе во историјата како прв фудбалер кој успеал да постигне гол на осум последовни мечеви.

Наполи по овој триумф се наоѓа на десеттата позиција со 27 бода.

Се вчитува...