Наполи му ја загорчи судбината на Милан

Наполи ќе го заврши и ова коло како лидер во Калчо-лигата откако „наполитанците“ славеа во дерби пресметката против Милан со 2-1.

„Росонерите“ е надеваа дека конечно ќе ја прекинат серијата порази на дерби дуелите, но налетаа на максимално мотивиран ривал што знаеше што сака, па домаќините на крајот заслужено се радуваа на победата. Инсиње беше стрелец на првиот гол, и тоа интересно е што истиот најпрвин беше поништен поради офсајд, па потоа по прегледување на случката со ВАР технологија судијата покажа дека погодокот е регуларен.

На 2-0 во второто полувреме зголеми резервистот Зиелински по одличното додавање на Дрис Мертенс, а конечните 2-1 во 92. минута ги постави Ромањоли.

Се вчитува...