Наполи му подготвува нов договор на Кварацхелија

Раководството на Наполи планира да му предложат нов договор на грузискиот интернационалец Хвича Кварацхелија, соопштува „Газета дело Спорт“.

Крилниот фудбалер дојде во Неапол за само 11,5 милиони евра, но со неговите игри и настапи во Наполи веднаш го сврте вниманието кон големите клубови. 22-годишниот Кварацхелија запиша 12 гола и 15 асистенции во 26 натпревари од почетокот во сите натпреварувања, а Реал Мадрид и другите гиганти веќе подготвуваат понуди за Грузиецот.

Во моментов Кварацхелија заработува 1,5 милиони евра по сезона, а Наполи со новиот договор кој ќе биде до 2027 година наводно ќе му ја зголеми на 2,5 милиони евра. Меѓутоа тоа ќе биде премалку, со оглед дека големите европски тимови може да му понудат многу повеќе и да го привлечат да си замине од Италија и да се пресели во Шпанија или Англија.

Се вчитува...