Наполи му постави седумдневен ултиматум на Мертенс

Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе го чека одговорот на Дрис Мертенс уште седум дена. Раководството на клубот му понуди договор за нова соработка со оглед дека Белгиецот ќе стане слободен агент на крајот од сезоната. Сепак, крилниот играч не покажува знаци на заинтересираност и понатаму да остане на „Сан Паоло“. Ќе може да заработи многу повеќе доколку ја прифати понудата на Интер и се пресели во Милано. „Нероаѕурите“ се подготвени да му дадат 3,5 милиони евра по сезона и тригодишен договор.

За Мертенс постои заинтересираност и од англискиот премиерлигаш Челси, а би можел да замине и во Ла Лига доколку ја прифати понудата од Атлетико Мадрид. Сепак, како што откриваат италијанските медиуми, тој е најблиску до преселба во калчолигашот Интер.

 

 

 

Се вчитува...