Наполи му се приближува на Јувентус

Наполи славеше на гостувањето против Удинезе со 0-3, користејќи го претходниот „кикс“ на Јувентус со Џенова за да му се приближи на четири бода на актуелниот првак на Италија.

Фабијан Руиз влезе во игра по само четири минути на местото на повредениот Верди, за поранешниот ас на Бетис нешто подоцна да се претвори во херој на „наполитанците“ постигнувајќи прекрасен погодок од работ на шеснаесетникот во 14. минута.

Тимот на Карло Анчелоти потоа фуриозно го заврши мечот, Мертенс во 82. минута од пенал зголеми на 0-2, а конечните 0-3 ги постави Марко Рог, непосредно по влегувањето во игра на хрватскиот репрезентативец.

Се вчитува...