Екипата на Наполи со 3:0 го совлада најпријатното изненадување на стартот од сезоната, Фросиноне.
По шест кола, Наполи има 10 бода , колку што има и Фросиноне кој со поразот ја прекина серијата од четири натпревари без пораз.
Наполи поведе со голот на Кевин де Брујне во 29-та минута од пенал и тоа од втора, откако првиот пенал го изведе Расмус Хојлунд и промаши, но судијата одлучи пеналот повторно да биде изведен поради прерано влегување во казнениот простор на гостински играч.
Само три минути подоцна, Ноа Ланг погоди за 2:0.
Ветеранот Де Брујне, во судиското продолжение уште еднаш ја затресе мрежата за конечни 3:0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
