Наполи не ја менува „рецептата за успех“: Ангажира нов фудбалер на Манчестер Јунајтед

Наполи во изминатиот период стигна до две големи засилувања од редовите на Манчестер Јунајтед во имињата на Скот Мектоминеј и Расмус Хојлунд кои се покажаа како полн погодок па италијанскиот тим нема намера да отстапи од „рецептата за успех“.

По овие двајца ќе следи и трансферот на Коби Маино, младиот англиски фудбалер за кој повеќе нема место во Манчестер Јунајтед под водство на Рубен Аморим.

Маино важи за еден од најдобрите млади фудбалери на својата позиција, минатото лето беше и желба на Челси, но на крајот „црвените ѓаволи“ не дозволија негово заминување. 20-годишникот во меѓувреме не ја доби посакувната минутажа па оваа зима се чини дека Манчестер Јунајтед ќе нема друга опција освен да дозволи заминување од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...