Наполи одби 70 милиони евра за Кулибали

Шпанскиот првак Барселона понуди 70 милиони евра за Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи, но италијанскиот калчолигаш не сака ниту да слушне да го продаде Сенегалецот за оваа сума. Претседателот Аурелио де Лаурентис бара најмалку 100 милиони евра за да дозволи тој да замине на „Камп Ноу“, открива „Газета дело спорт“.

Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде, посакува нов елитен дефанзивец во својот тим, откако Жерар Пике се почесто прави несфатливи грешки, а Самуел Умтити е повреден и ќе паузира подолг период. Тој смета дека токму Кулибали може да ги реши проблемите во одбраната на Барселона, која оваа сезона е многу порозна.

Се вчитува...