Наполи „потопен“ во Болоња, 70 минути за Елмас (ВИДЕО)

Наполи не успеа да ја задржи лидерската позиција во Серија А, откако во 11. коло доживеа пораз од 2-0 на гостувањето против Болоња.

По прво полувреме во кое Наполи целосно доминираше на теренот, а убава можност за погодок имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас чиј шут го одбрани домашниот голман, на крај Болоња победи со два гола во второто полувреме.

Најпрво Далинга погоди во 50. минута за водство од 1-0…

А, потоа и Луцуми во 66. минута стрелаше за конечни 2-0…

Елиф Елмас, како стартер, одигра 68 минути на теренот, кога беше заменет од Ланг.

Џенова и Фиорентина одиграа без победник, 2-2.

Се вчитува...