Наполи се врати на врвот, Рома ремизираше против Џенова

Наполи се врати на врвот на табелата во Серија А, победувајќи со минимални 0-1 на гостувањето кај Удинезе. Жоргињо успеа да ја погоди мрежата на Удинезе од втор обид, откако голманот на Удинезе прво го одбрани неговиот удар од пенал. Но, Жоргињо беше присебен и од втор обид ја погоди целта. Сега „наполитанците“ повторно се лидери, со 38 бода, два повеќе од Интер.

Рома ремизираше (1-1) на гости против Џенова. Горан Пандев беше стартер во тимот и играше до 63.минута, кога на негово место влезе Лападула. Ел Шарави во 59.минута ги доведе „росонерите“ во водство, а израмни Лападула од пенал во 71.минута.

Милан и Торино ремизираа без голови на „Сан Сиро“.

Се вчитува...