Наполи со два гола ја торпедираше Парма

Наполи победнички ја стартуваше новата сезона во Серија А. Тимот на Џенаро Гатузо славеше со 0-2 на гости кај Парма, а во триумфот учествуваше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој ги одигра последните десетина минути.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Дрис Мертенс во 63.минута го отвори резултатот, а победата ја потврди Лоренцо Инсиње во 77.минута од натпреварот.

Се вчитува...