Наполи тргнува во лов на Андреа Белоти

На италијанскиот калчолигаш Наполи му е потребен нов елитен напаѓач, а ќе се обиде да го добие Андреа Белоти. Репрезентативецот на „аѕурите“ веќе неколку преодни рока е желба на големите европски клубови, но Торино секогаш бара преголема отштета за неговите услуги.

Како што информираат медиумите на Апенините, Наполи постигнал договор околу личните услови на Белоти, Тој би стигнал на „Сан Паоло“ за годишна плата од 3,5 милиони евра и договор на пет сезони. Но, сега останува потешкиот дел од работата, „наполитанците“ да се договорат со Торино.

Раководството на овој клуб бараше 100 милиони евра отштета за Белоти до минатото лето, но откако тој се повреди, сега се очекува нивните барања да се движат околу 60 милиони евра. Засега, Наполи е подготвен да понуди 50 милиони евра за напаѓачот.

Се вчитува...