„Наполитанците“ го пречекаа Сари: „Гнасно копиле, зборуваше против Јувентус, ама потоа ги симна гаќите“

Наполи го пречекува Јувентус во дербито на колото во Серија А, а фановите на домашниот тим на вулгарен начин го пречекаа некогашниот тренер Маурицио Сари, кој сега го предводи тимот на „старата дама“. Пред стадионот „Сан Паоло“ истакнаа транспарент на кој пишуваше… „Сари, гнасно копиле, зборуваше против Јувентус, ама потоа ги симна гаќите“. 

Сари на прес – конференцијата пред мечот изјави дека очекува да добие свирежи од навивачите на Наполи, но тие ќе бидат израз на љубов кон клубот. Претходно и Гонзало Игуаин беше пречекуван како голем „предавник“ во Неапол, откако одлучи да замине од Наполи и го облече дресот на Јувентус.

Тренерот на „наполитанците“, Џенаро Гатузо, има проблеми со повредени фудбалери, па можно е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас да добие шанса и во стартниот состав на домаќините.

Се вчитува...