Направен првиот чекор кон продолжување на сезоната во НХЛ

НХЛ им достави меморандум на клубовите во кој се наведуваат инструкции за почеток на тренинзи по двомесечната пауза. НХЛ на клубовите им соопшти дека на почетокот на јуни ќе имаат дозвола за тренинзи во групи од по шест хокеари. На ледот нема да смее да биде присутен ниту еден тренер или член на персоналот на клубот.

Ова е прв чекор кон враќање на најсилната хокеарска лига во светот, иако не е прецизно утврден точниот датум на почеток на тренинзи, туку се наведува само почетокот на следниот месец. Од претходно е познато дека лигата планира регуларниот дел од сезоната да заврши со 24 учесници во плеј-офот, а натпреварите ќе се играат на две различни локации.

Хокеарите сами ќе одлучат дали сакаат да се вратат на тренинзи или не, бидејќи како што наведуваат од лигата нивното здравје во моментов е најважно.

Се вчитува...