Наредба од врвот: Огњен Врањеш мора да се врати во репрезентацијата на БиХ

Контроверзниот Огњен Врањеш се враќа во репрезентацијата на БиХ. Србинот кој се прослави со аферата со Јелена Карлеуша, но и поради која беше исклучен од националниот тим, сега повторно мора да се врати во селекцијата на БиХ.

По наредба од челниците на Фудбалскиот сојуз на БиХ, хрватскиот селектор Роберт Просинечки мора да го врати Врањеш во репрезентацијата. И самиот Просинечки ја прифатил таа одлука веднаш, затоа што и претходно Врањеш беше исклучен по директива од врвот, а не по желба на популарниот Жути.

Врањеш, колку за потсетување, не беше исфрлен поради недостаток на репрезентативен квалитет туку поради бурниот приватен живот односно поради љубовната афера со Јелена Карлеуша. Поради сето тоа не е ниту нешто омилен меѓу навивачите на БиХ.

Во секој случај, контроверзниот фудбалер за селекцијата на БиХ има 38 одиграни натпревари. Во својата кариера играше за Борац Бања Лука, Црвена Звезда, Шериф Тираспол, Кубан Краснодар, Андерлехт, а во моментов е член на грчки АЕК.

Се вчитува...