Наскоро извештај за падот на авионот на Емилијано Сала

Извештајот за падот на авионот во кој настрада аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала наскоро ќе биде објавен, пренесуваат британските медиуми. Фудбалерот кој требаше да потпише за Кардиф Сити беше во авионот кој се сруши во Ламанш на 21. јануари 2019 година. Заедно со нив во авионот беше и пилотот Дејвид Иботсон чие тело за разлика од тоа на Сала никогаш не беше пронајдено.

Извештајот за падот наскоро ќе биде објавен, а се очекува да биде точно познато зошто се сруши авионот. Кардиф Сити за Сала требаше да плати 15 милиони фунти од францускиот Нант, но останува горк вкус бидејќи двата клуба и понатаму имаат спор околу обештетувањето. Кардиф одбива да ги исплати парите за  Сала бидејќи смета дека Аргентинецот официјално не станал нивни фудбалер.

Се вчитува...