Наследникот на Мурињо во Бенфика доаѓа од Премиер-лигата

Бенфика е подготвена за заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па откако стана јасно дека „специјалниот“ ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на португалскиот гигант ја почнаа потрагата по негов наследник.

Таа потрага конечно финишираше денеска, откакоо беа договорени сите услови со Марко Силва, португалскиот стратег кој по 11 години ќе се врати назад во татковината. Силва во 2015 година го напушти Спортинг Лисабон за да се пресели во Олимпијакос, потоа следеше селидба на „островот“ каде Португалецот со години го водеше тимот на Фулам.

Лондонскиот клуб беше презадоволен од неговата работа и му понуди нов тригодишен договор. Сепак, Силва реши да избере нова авантура во кариерата, во изминатите денови во Лисабон преговараше директно со Мануел Руи Коста, кој на крајот го убеди сонародникот да го преземе кормилото на португалскиот гигант.

Се вчитува...