Наследникот на шпанскиот принц, соиграч на Кире Лазаров во Нант

Кире Лазаров за соиграч во Нант во новата сезона ќе го има и 18-годишниот шпански интернационалец Пабло Урдангарин. Шпанскиот тинејџер е син на принцезата Кристина и на поранешниот шпански ракометен ас Ињаки Урдангарин..

Таткото Ињаки своевремено важеше за еден од најдобрите шпански ракометари, настапувајќи за Барселона и за „црвената фурија“, каде беше избран и за капитен на репрезентацијата на ОИ во 2000 година. По завршувањето на кариерата тој беше осуден за манипулација со јавни фондови во висина од шест милиони евра, поради што беше осуден на затворска казна што се уште ја издржува.

Пабло Урдангарин ја мина ланската сезона во германскиот прволигаш Хановер, но летово се сели во Франција, во таборот на Нант на барање на новиот тренер Алберто Ентрериос.

Се вчитува...