Настапи на еден меч за САД, ФИФА сега му дозволи да игра за Мексико

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА му дозволи на Јулијан Араухо (20) во иднина да го носи дресот на Мексико, и покрај тоа што има еден натпревар за САД.

Дефанзивецот на ЛА Галакси дебитираше за САД минатата година во пријателски меч.

Араухо е роден во Калифорнија, а неговите родители се од Мексико. Играше за младите селекции на САД, а настапи и за американската репрезентација до 23 години токму против Мексико во квалификациите за ОИ во Токио.

Како лице со двојно државјанство, Араухо според правилата на ФИФА исполнувал услови за промена на репрезентацијата затоа што не одиграл ниту еден службен меч.

Се вчитува...