Настрада и Сампдорија – може ли некој да го запре страшниот Лацио?

Лацио ја продолжи серијата фантастични настапи во Калчо-лигата откако попладнево ја декласираше Сампдорија со 5-1, за единаесетта победа во низа на избраниците на Симоне Инзаги. Чиро Имобиле со нов хет-трик уште еднаш покажа зошто е најдобар стрелец во лигата, за печат на трите бода и продолжување на трката за скудетото со Јувентус и со Интер.

Прашањето на победникот беше решено во првиот дел од првото полувреме, Каиседо го отвори резултатот по една одбиена топка, сместувајќи ја во мрежата, пред Имобиле со два гола да донесе еуфорија на „Олимпико“. Шоуто на „лацијалите“ продолжи и во вториот дел, Бастос зголеми на 4-0, пред Имобиле да го постигне петтиот погодок за Лацио, втор од пенал.

Сампдорија до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот преку Линети, а гостите го завршија мечот со десет фудбалери, по црвениот картон што го заработи Шабот.

Се вчитува...