Натпреварите меѓу Гостивар и Куманово некогаш беа вистински празник на кошарката (ВИДЕО)

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска од 17 часот во „Младост“ каде Гостивар го пречекува Куманово. „Сино-белото“ дерби некогаш беше вистински празник на кошарката, дерби кое го отсликуваа полна сала и фантастична атмосфера, но и голема неизвесност на теренот.

Денеска кумановци се соочуваат со големи финансиски проблеми поради кои клубот тоне, а гостиварци ја имаат фаворитската улога во натпреварот од 18. коло, но во пресрет на истиот да се потсетиме на 2019 година кога во драматична завршница на западот на Македонија Игор Пенов можеше да донесе гостинско славје, но сепак на победа од 88-86 се радуваа домаќините.

 

Се вчитува...