Натпреварот на 18. коло во Битола – вицешампионот го пречекува трикратниот шампион

Натпреварот на 18. коло во Првата кошаркарска лига ќе биде одигран денеска со почеток од 18 часот и 30 минути во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде Пелистер ќе го пречека Еуро Никел. Овој натпревар воедно ќе биде и ренваш на четвртфиналето од Купот на Македонија каде „зелено-белите“ со добра завршница успеаја да го елиминираат кавадаречкиот тим.

Во него Пелистер влегува по изненадувачкиот пораз од Чаир 2030 во Скопје, додека Еуро Никел на крилја на значајната победа против Феникс 2010. Изразит фаворит нема, а од двата табора најавуваат тешка битка во која ќе дадат се од себе за успех.

И првиот меѓусебен лигашки натпревар на овие тимови оваа сезона донесе голема неизвесност во која двата тима го менуваа водството за победникот да биде одлучен во последната четвртина со „зелено-бело“ славје па ќе биде интересно да видиме дали овој пат избраниците на Самарџиев ќе успеат да останат во игра во текот на сите 40. минути.

Се вчитува...