Научниците го креваат гласот: Им давате на фудбалерите милиони месечно, а на научниците – 1.800 евра… Сега одете кај Роналдо и Меси да ви најдат лек!

Во моментите кога светот се соочува со најголемата закана во последниот век, битката со коронавирусот добива и се понагласена етичка димензија околу конечното свестување во каков свет живеевме досега. Огромниот јаз меѓу поединецот во финансиска смисла и тоа како беше тема за размислување изминатиов период за многумина. А, сега дополнително нагласена.

Не ретко во минатото се потенцираше прашањето како е можно во светот на спортот поединците да земаат огромни финансиски средства, на ниво на буџети и на цели земји, а во исто време секојдневно од глад да умираат илијадници дечиња. Во моментите на битката со коронавирусот и научниците го подигнаа својот глас, издвојувајќи ја нереалната разлика во финансиски примиња, компарирајќи сега со платите на фудбалерите, на пример, и оние од кои светот сега бара спас – научниците и здравствените работници.

„Му давате на фудбалерот милиони евра месечно, а на научникот 1.800 евра месечно. И сега сакате лек за вирусот? Одете кај Кристијано Роналдо и кај Меси, тие нека ви најдат лек!“ – изјави шпанската научничка, и член на истражувачкиот тим за вакцина против коронавирусот, Изабел Гарсија Техерина, испраќајќи порака до државите и светската бизнис заедница.

Претходно, и селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев нагласи дека во иднина ќе мора сите да размислиме во каков свет ќе сакаме да живееме, наспроти досегашната нереална распределба на финансиите, наспроти алчноста на сметка на природата и природните ресурси.

„Се соочуваме со вирус кој го погоди целото човештво. Мислам дека природата му се спротивстави на човечкото однесување. Можеби сега ќе сфатиме дека треба да го смениме начинот на кој живеевме. Човекот комплетно беше насочен кон заработка на пари, се создаде алчност и желба за голема моќ. Сте сакаат да остварат што е можно поголем профит. Заборавивме комплетно дека има и некои што гладуваат, не се свестувавме ниту кога се појавуваа природни катастрофи. Во вакви ситуации всушност сфаќате што е најважно во животот“ – изјави Јоаким Лев.

Се вчитува...