Наумоски гостин на јубилејот „70 години – Кошаркарски сојуз на Србија“ во Белград

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски денеска ќе биде гостин на Кошаркарскиот сојуз на Србија на одбележување на две значајни годишнини.

Во Народниот театар на Република Србија, во престолнината Белград, ќе бидат одбележани 70 години од постоење на српскиот сојуз како и 95 години од првиот одигран кошаркарски натпревар на територијата на денешна Србија, одигран во училишниот двор на едно од најстарите основни училишта, „Крал Петар 1“.

Наумоски, заедно и со генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска, ќе присуствуваат на ждребот за групите од Европското првенство за жени кое во 2019 година ќе се одигра во Летонија. Ден подоцна ќе се одржи и ждребот за групите од сите младински првенства кои се предвидени да се играат следната календарска година.

Се вчитува...