Наумовски: На победа против Струга, не смееме повеќе да губиме бодови

Шкупи денеска од 13 часот на стадионот на ФФМ во најинтересниот меч од последното 18.коло од есенскиот дел во ПМФЛ го пречекува составот на Струга ТЛ.

За чаирчани исклучително важен меч по претходните две ремија со Вардар и со Ренова. Бодовите се потребни за Шкупи во битката за врвот, а за тоа е свесен и голманот Кристијан Наумовски кој нагласува дека сите во тимот се подготвени за максимално надигрување.

„Ќе биде тежок натпревар со Струга ТЛ која е навистина незгодна екипа. Но, ние сакаме да им се реваншираме за оној прв пораз сезонава во Струга од 0-2. По двата нерешени резултати со Вардар и со Ренова сега Шкендија е цели шест бодови пред нас, па затоа мислам дека Шкупи нема прави веќе да губи бодови. Сакаме со победа да ја затвориме оваа полусезона и да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели голманот на Шкупи.

ПМФЛ – 18. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...