Навистина чудно – Нејмар поцрвене пред роденденот на сестра му

Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи црвен картон во последните моменти на натпреварот против Бордо во француската Лига 1. Во последниот меч од 26. коло ПСЖ на „Паркот на принцовите“ го победи Бордо со 4-3.

По натпреварот веднаш се пишуваше за црвениот картон кој го доби Нејмар, бидејќи Бразилецот намерно заработи исклучување бидејќи се ближи роденденот на сестра му. Нејмар е познат дека не е некој голем професионалец, а шест години по ред ги пропушта натпреварите во март токму поради роденденот на сестра му и карневалот во Рио де Жанеиро.

 

Се вчитува...