Навивачите на Атлетико Мадрид виновни за големиот број случаи на Ковид-19 во Ливерпул

Директорот на советот за јавно здравје на Ливерпул Метју Ештон вели дека најголем виновник за зголемување на бројот на случаи од коронавирус во градот е реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Реванш натпреварот по кој тимот од Мадрид обезбеди учество во 1/4 финалето од елитното натпреварување се одигра на 11. март на „Енфилд“. На 20. март бројката на заболени од коронавирус во Ливерпул изнесуваше само 14 лица, за две седмици подоцна таа да се искачи на 309.

Како најголем виновник за оваа ситуација Ештон ја посочува бројката од 3.000 навивачи на Атлетико Мадрид кои допатуваа на „Енфилд“, бидејќи Шпанија заедно со Италија е земјата со најмногу смртни случаи од Ковид-19.

Се вчитува...