Навивачите на Барса со предупредување до Гризман – Почитувај го Меси!

Фудбалерите на Барселона се вратија по репрезентативната пауза и веќе се во подготовки за следните предизвици во сезоната. Сите фудбалери се појавија на тренингот на клубот, а во центарот на вниманието се најде Антоан Гризман.

Имено, во јавноста си дигна бура претходните денови бидејќи луѓе блиски на Гризман порачаа дека Меси е главниот виновник за лошата форма на каталонскиот клуб. Навивачите по тренингот го пречекаа Гризман каде му дадоа до знаење дека мора да го почитува Меси.

„Меси се почитува“, дофрлуваа навивачите на Барселона кон Грзиман кој влегуваше во својот автомобил. 

Се вчитува...