Навивачите на Челси се незадоволни од цените на билетите за натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика. Натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 септември на „Стемфорд Бриџ“.
Клубот објави дека на претстојниот натпревар му е доделен статус на Категорија АА, најскапиот во системот за цени. Ова значи дека обичните билети за возрасни ќе чинат до 83 фунти. Билетите за деца и пензионери се значително поевтини отколку за натпреварите од пониска категорија.
Одлуката беше објавена само една недела пред натпреварот и пет дена по назначувањето на Жозе Мурињо, најуспешниот менаџер во историјата на „сините“, за главен тренер на Бенфика. Тој практично ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ каде мина два мандати, привот од 2004 до 2007, а вториот пат од 2013 до 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

