Лукаку жестоко понижен: „Ставете го тоа „дете“ на клупа!“

Ромелу Лукаку крена многу врева околу неговата изјава дека сака да се врати во Интер. Тој кажа дека не е задоволен од Челси, им се извинуваше на навивачите на „нероазурите“ за неговиот потег.

Се огласи и навивачката група на Челси по повод најавите на Лукаку дека ќе се врати во Интер.

„Тимо Вернер се обвини себе си за отказот на Лампард, но не кажа ниту еден лош збор за клубот. Каи Хаверц никогаш не се жалеше за позицијата која ја играше во времето на Лампард. Пулишиќ даде се од себе дури и кога играше како десен бек. Жиру секогаш даваше 100% за тимот иако можеше да замине некаде каде ќе добива поголема минутажа. Тие се професионалците кои ја освоија Лигата на шампионите. Не Ромелу Лукаку. Играјте го Вернер пред него, оставете го на клупа тоа „дете“ – се вели во соопштението на навивачите на Челси.

Лукаку дојде во Челси за 100 милиони од Интер, иако имаше две супер сезони во Италија. Се реши да ја прифати понудата на „сините“ да се врати во овој тим, и сега се кае за таа одлука, а сите се свртеа против него. Сега е многу тешко да се врати во Интер, затоа што Челси сигурно ќе сака да си ги врати парите вложени во него.

Се вчитува...