Навивачите на Фиорентина бараат клубот да го избрка Пиоли

Фиорентина игра очајно во Серија А оваа сезона и по девет кола е на претпоследното место со само четири бода. Навивачите на клубот од Фиренца бараат Стефано Пиоли да биде отпуштен.

Пред неколку дена, Фиорентина одново ги разочара навивачите, откако претрпе убедлив пораз од Интер на „Џузепе Меаца“, и се еден од четирите клуба кои не знаат за победа во новата сезона.

Фиорентина исто така е во серија од два порази, е ќе има шанса за поправен во недела на гости кај Лече. Тоа воедно ќе биде и „ултимативен“ меч за Пиоли, кој ако не го добие, тогаш сигурно ќе биде „поранешен“, а навивачите веќе го загубија трпението, и бараат реакција од управата.

Се вчитува...