Навивачите на Интер бесни на Лукаку: Ти не си маж, го бакнуваше нашиот амблем, а замина по пари…

Ромелу Лукаку ги разочара челниците на Интер, кои ги прекинаа преговорите со Челси откако дознаа дека тој почнал преговори и со лутиот ривал Јувентус, па поради повисоката понуда од „старата дама“ одби да ги финишира разговорите за камбек на „Џузепе Меаца“.

Директорот Марота објави дека сите преговори се прекинати, а на темата денеска се осврнаа и најверните навивачи на Интер, кои испратија порака до белгискиот голгетер.

„Не сакаме веќе да те видиме со очи, Лукаку. Сите не предаде. Секогаш те браневме во тежки моменти, а ти ни заби нож во грб. Се продаде на оној што ти даде најмногу пари, а го бакнуваше нашиот амблем. Ти не си вистински маж“, се вели во пораката на приврзаниците на „нероаѕурите“ до Ромелу Лукаку.

Се вчитува...