Навивачите на Јувентус бесни – Игуаин од карантин излезе како Тони Сопрано (ФОТО)

Италијанскиот шампион Јувентус, објави дека Гонзало Игуаин поради повреда ќе мора да ги пропушти првите натпревари по враќањето на фудбалот во Италија. Тој го напуштил последниот тренинг на „старата дама“ поради болки во бутниот мускул на десната нога, а според првите прогнози се очекува дека ќе ги пропушти мечевите во Купот на Италија и едно коло во Серија А.

Но, тоа не е информацијата која предизвика гнев кај навивачите на Јувентус, туку изгледот на Аргентинецот на денешниот тренинг, на кој се гледа дека карантинот не влијаел најдобро врз него. По двомесечната пауза се гледа дека Игуаин накачил на телесна тежина, па се претпоставува дека токму тоа е причината за новата повреда. Некои од навивачите коментираат дека во моментов тие во тимот го имаат Тони Сопрано.

Се вчитува...