Навивачите на шпанскиот прволигаш Рајо Валекано за која настапува и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски порачаа дека и понатаму на стадионот ќе внесуваат знамиња на Палестина со цел да „пружат поддршка на народот над кој Израел прави геноцид“.
Претходниот викенд на натпреварот помеѓу Рајо Валекано и Реал Сосиедад и домашните и гостинските навивачи развија палестински знамиња во знак на поддршка, но дел од нив беа одземени од страна на обезбедувањето. И самата Ла Лига настојува против ваков вид на поддршка, но како што велат од навивачката група на тимот, никој не може да го крши фундаменталното право на слобода на изразување.
„Без обѕир на наредбата која ја имате од страна на Ла Лига, без обѕир на тоа што клубовите и Рајо Валекано прифатиле, вие немате право да го кршите нашето фундаментално право на слобода на изразување. Вие не се поголеми од народот. Слобода за Палестина“, објави навивачката група на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА