Навивачите на Победа револтирани: Доста клубот служи како перална на пари!

Состојбите во прилепска Победа e далеку од посакувана за најверните навивачи на второлигашот.

Долго време популарните „Мајмуни“ очекуваат стабилизација на клубот и враќање во прволигашката конкуренција, каде и му е местото, но никако тоа да се случи.

Токму поради тоа навивачите се одлучи да реагираат преку социјалните мрежи истакнувајќи дека наскоро и самите ќе преземат активности за промени на состојбите во клубот.

„На повидок е повторно ГОЛЕМ срам во ФК Победа. Се шпекулираше за некакви промени во клубот и застанување на здрави нозе со приватна фирма и комплетно нова управа…, но и речиси официјално повторно коцките се нсместија на страната на политиката која нас воопшто не не интересира. Наназад две години сме запрепастени од одлуките на оваа локална власт како “добро” и помага на Победа, ветувања секакви … но дали мислите дека ако е тивко на југот се е завршено? Дали мислите дека можите се уште да си правите се што сакате со Победа?! Браќа, ова веќе ги помина сите граници, пробувавме да бидеме тивки и да оставиме да си ја решат акционерите работата која сами си ја направија да не биди чиста. Време е за реакција, нема повеќе да дозволиме да си играат перална за пари со Победа, нема да дозволиме повеќе да владее политиката во Победа. Утре и официјално има промена на преседателското место на Миле Спиркоски, негов наследник ќе биде директорот на Водовод Емил“ – се вели во реакцијата на „Мајмуните“.

Се вчитува...