Навивачите на ПСЖ ќе навиваат пред стадионот на мечот со Дортмунд

Францускиот шампион Пари Сен Жермен вечерва ќе ја пречека Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите на празниот стадион „Парк на принцовите“. Навивачите на тимот од Париз и покрај забраната организираа собирање пред стадионот.

Локалните медиуми јавуваат дека меѓу 2.000 и 3.000 навивачи на ПСЖ организирано ќе го гледаат мечот на само неколку метри од стадионот. Властите во Париз дадоа дозвола за ова собирање, на барање на лидерот на навивачите иако од владата на Франција дадоа препорака да нема собир на повеќе од 1.000 лица.

„Одлуката мечот да биде одигран пред празни трибини нема да не обесхрабри во давањето поддршка на нашиот тим. Ќе ја одиграме нашата одлука да бидеме 12. фудбалер на теренот. Потребни ни се сите парижани и навивачи на нашиот клуб“, стои во соопштението на навивачката група од Париз. 

Мечот е закажан за 21 часот, а по првиот меч кој се одигра на „Сигнал Идуна парк“, Дортмунд има предност од 2-1.

Се вчитува...