Навивачите на Селтик бесни: Е.. се УЕФА (фото)

Навивачите на Селтик сликовито го изразија незадоволството од одлуката на УЕФА шкотскиот гигант својот прв домашен меч од Лигата на Европа да го игра со почеток во 16.30 часот.

Ова придонесе трибините на стадионот во Глазгов на дуелот со Ференцварош да не бидат исполнети до последно место, но и да се појави знаме со порака: Е.. се УЕФА.

Селтик го доби натпреварот со 2-0, со головите што во второто полувреме ги постигнаа Фурухаши и Турнбул.

Се вчитува...