Навивачите на Тотенхем збеснаа: Каков „Special one“, Мурињо е еден обичен „Special none“ (ФОТО)

Навивачите на Тотенхем полудеа по елиминацијата од Динамо Загреб во осминафиналето од Лигата на Европа, и покрај предноста од 2-0 од првиот натпревар во Лондон.

На социјалните мрежи фановите на Тотенхем со огромни навреди кон фудбалерите и менаџерот Жозе Мурињо кого, наспроти неговиот добро познат прекар „Special one“ (Специјалниот), сега го нарекуваат „Special none“ (Специјално никаков).

„Како навивач на Тотенхем може само да се смеа на сето ова што ни се случува. Мислам дека имаме доволен број причини да се решиме од Мурињо. Буквално е смешно како тој тип може да биде вториот најплатен тренер во Премиерлигата“ – напиша еден од навивачите на Тотенхем на социјалните мрежи по поразот од Динамо.

Се вчитува...